мај 20, 2024

Отворен ден на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин

Во соработка со волонтерите и учениците од СУГС Гимназија “Раде Јовчевски – Корчагин”, на 18.05.2024 во училиштето во склоп на настанот “Отворен ден“, беше поставен штанд на Општинската организација Центар, на кој се промовираше работата и проектите на организацијата.

 Младите кои го посетија настанот имаа можност да се запознаат со активностите во кои можат да се вклучат како волонтери, а во исто време им беше објаснето како можат да се приклучат како да пристапат до организацијата на Црвениот крст, со цел нивно вклучување во понатамошните хуманитарни активности.

< врати се назад