
Партнерската соработка – мотив за хуманост
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар
Партнерската соработка – мотив за хуманост
Кампањата по повод Денот на гладта, повторно беше мотив вработените во Стопанска банка АД – Скопје да ја покажат својата општествена одговорност. Собраните финансиски средства кои тие ги донираа на Општинска организација Центар, се искористија за подготовка на пакети со прехрамбени продукти, наменети за семејства од социјален ризик.
Овојпат целната група беше одредена во заедничка соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар, кои издвоија група на пензионери, членови на здружението, со пензии до 14.000 денари, за кои заеднички се согласивме дека имаат потреба од ваква помош.
Голема благодарност до нашите докажани партнери во реализацијата на хуманата мисија на организацијата на Црвениот крст, Стопанска банка АД – Скопје, како и на Здружението на пензионери на Општина Центар, кои преку основната организација на Црвен крст формирана во склоп на здружението, како и потпишаниот Меморандум за соработка со Општинска организација на Црвен крст Центар, веќе подолго време успешно реализираат заеднички активности.


