мај 26, 2020

Петочна онлајн средба на тема: ,, ЕФЕКТИВНА КОМУНИКАЦИЈА”

Продолжуваме со онлајн средбите и овој петок во Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
 
🗓️ Ден на одржување: 22.05.2020
🕖 Времетраење: 19:00 – 21:00
📍 Локација: платформа Cisco Webex Meetings
🗯️ Тема на дискусија: Ефективна комуникација
🧍🏻‍♀️Предавач: Ивона Пауновски, дипл.психолог
 
Средбата беше од интерактивен карактер, волонтерите имаа можност да се стекнат со нови знаења од областа на ефективната комуникација. Во текот на работилницата волонтерите направија неколку вежби преку кои споделија интересни примери од секојдневниот живот, а воедно и имаа можност да увидат колку меѓусебно се поврзале за време на досегашното волонтерско искуство.
 
Продолжуваме и понатаму со полна пареа и со нови содржини!
 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ви посакува убав продолжен викенд!
< врати се назад