мај 18, 2020

Петочна онлајн средба на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 15.05.2020 во периодот од 19:00 до 21:00 часот се вклучија на уште една петочна онлајн средба на платформата Webex.
Тие преку игри и дискусии дознаа повеќе нешта едни за други, се дружеа и споделија интересни случки од нивните животи. На тој начин се подигна мотивацијата кај волонтерите и интересот да присуствуваат во сè повеќе активности во Клубот на млади.
Овие онлајн средби продолжуваат и понатаму со нови и интересни содржини.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ви посакува убав претстоен викенд!
 
 
< врати се назад