мај 4, 2020

Петочна онлајн средба со Клубот на млади на тема: “ЕМОЦИИ“

 
Продолжуваме со онлајн средбите со нашите волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
 
На ден 01.05.2020 година, во периодот од 18:30 до 21:30 часот, волонтерите повторно се сретнаа на онлајн платформа, овојпат разговарајќи на темата “Емоции“. Оваа тема беше одбрана токму од волонтерите бидејќи се изјаснија дека би им било интересно и корисно да дискутираат за своите емоции. Нашата волонтерка Ивона Пауновски, која е дипломиран психолог и работи како воен психолог, ја водеше оваа средба.
Средбата беше од интерактивен карактер, волонтерите имаа можност да дискутираат, да ги споделат своите емоции, да споделат како се чувствуваат во овие моменти кога се затворени во домовите, да кажат што ги мачи, што им недостасува, но и што ги прави среќни. Ваквиот начин на споделување на чувствата и емоциите, преку различните вежби кои им беа зададени во текот на средбата, придонесе волонтерите да си ги препознаат емоциите кои ги имаат во себе, но и подобро да се запознаат меѓусебе.
 
Продолжуваме со онлајн средбите и понатаму, со нови и интересни содржини!
 
 
< врати се назад