јули 15, 2010

Петровденска крводарителска акција

И оваа година нашите сограѓани ја покажаа својата хуманост, донирајќи несебично крв за потребите на граѓаните во рамките на ТРАДИЦИОНАЛНАТА ПЕТРОВДЕНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Традиционално, крводарителската акција се одржа на Градскиот базен, на 12 Јули , на православниот празник ”Петровден”. Претходно акцијата беше промовирана на сите локални медиуми (печатени и електронски) и преку интернет (Фаце боок, групата на Општинската организација на Црвен крст-Прилеп и електронскиот весник). Организациски беше реализирана од страна на Општинската организација на Црвен крст-Прилеп, во соработка со Службата за трансфузиологија-Прилеп.
Нашите сограѓани даруваа 100 кеси крв и покрај големите жештини ја покажаа својата алтруистичка нота, а Општинската организација на Црвен крст-Прилеп за хуманите крводарители обезбеди симболични награди.

И оваа година нашите сограѓани ја покажаа својата хуманост, донирајќи несебично крв за потребите на граѓаните во рамките на ТРАДИЦИОНАЛНАТА ПЕТРОВДЕНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Традиционално, крводарителската акција се одржа на Градскиот базен, на 12 Јули, на православниот празник ”Петровден”. Претходно акцијата беше промовирана на сите локални медиуми (печатени и електронски) и преку интернет (Facebook групата на Општинската организација на Црвен крст-Прилеп и електронскиот весник).

Организациски беше реализирана од страна на Општинската организација на Црвен крст-Прилеп во соработка со Службата за трансфузиологија-Прилеп. Нашите сограѓани даруваа 100 кеси крв и покрај големите жештини ја покажаа својата алтруистичка нота, а Општинската организација на Црвен крст-Прилеп за хуманите крводарители обезбеди симболични награди.

< врати се назад