март 1, 2011

ПХВ циклус 2010/11

Во склоп на проектиот циклус ПХВ (Промоција на хумани вредности) кој претставува традиционална алатка за привлекување на нови млади волонтери, се реализираа следниве два проекти во тековниот период.
Едниот проект со наслов „Подари внимание, сподели среќа“ ефектуира со позитивна социјализација и дружење со децата со интелектуална попреченост, а во проектните активности се организираше и музички хепенинг преку кој се акумулираа финансиски средства од продадените 500 влезници и се донираа за истата целна група.
Другиот проект е продажна акција преку која членовите на Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп преку креативните пориви и способности изработија честитки за Денот на вљубените. Собраните средства од продадените честитки беа донирани за операција на 15 месечно бебе, преку овој оперативен зафат ќе му се овозможи повторно да го види светот.
Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп продолжува ентузијастички со реализација на останатите ПХВ проекти.

Во склоп на проектиот циклус ПХВ (Промоција на хумани вредности) кој претставува традиционална алатка за привлекување на нови млади волонтери, се реализираа следниве два проекти во тековниот период. 

Едниот проект со наслов „Подари внимание, сподели среќа“ ефектуира со позитивна социјализација и дружење со децата со интелектуална попреченост, а во проектните активности се организираше и музички хепенинг преку кој се акумулираа финансиски средства од продадените 500 влезници и се донираа за истата целна група.  Другиот проект е продажна акција преку која членовите на Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп преку креативните пориви и способности изработија честитки за Денот на вљубените. Собраните средства од продадените честитки беа донирани за операција на 15 месечно бебе, преку овој оперативен зафат ќе му се овозможи повторно да го види светот.  Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп продолжува ентузијастички со реализација на останатите ПХВ проекти.

 

 

< врати се назад