Победија ентузијазмот и упорноста
Интензивните подготовки на екипата кои започнаа уште во средината на август, па се до одржувањето на Државниот натпревар по прва помош кој се одржа во Куманово, беа потврдени со високо признание за најдобри помеѓу 25 екипи, кои оваа година ги покажаа своите живото спасувачки вештини при укажување на прва помош на повредени во најразлични ситуации. Победија ентузијазмот и упорноста на шест млади луѓе, кои заедно со својот ментор и учител Виктор Петровски, инаку претставник на екипата на Црвен крст Центар која во 2010 година го претставуваше Црвениот крст на РМ на Европскиот натпревар по прва помош во Белград, Република Србија, во изминатиот период дадоа се за совладување на препреките, што на крајот ги доведе до посакуваната победа и можно учество на Европскиот натпревар по прва помош во 2015 година.
Црвен крст Центар, има долга традиција на успеси на планот на првата помош, па од таму и мотивот да се продожи со вложувања во истото.
Цел-подигање на свеста кај граѓаните
Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар во склоп на активностите за одбележување на “Недела на борба против Туберкулозата“, организирани во група од 15 волонтери, на 20.09.14 низ централното подрачје на градот во периодот делеа информативен материјал на случајните минувачи со цел подигнување на свеста кај граѓаните за оваа тешка болест и што подобра нејзина превенција.