Почеток на нова соработка
Даница Ѓуровска и Александра Трендевска, волонтери во Клубот на млади на Црвен крст Центар и членови на Здружението на професионални физиотерапевти, благодарение на активнистотите кои ги имаат во ова здружение, дојдоа до сознание дека Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје има сериозни проблеми со обезбедување на инвалидски колички кои им се прекупотребни во нивната секојдневна работа. Црвениот крст-Центар, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, за почеток на соработката со оваа институција, обезбедија една инвалидска количка од донацијата на долгогодишните пријатели на Црвениот крст, организацијата *The church of Jesus Christ of later-day saints*.
Голема благодарност за донацијата изрази претседателот на Здружението на професионални физиотерапевти, Горан Саневски, кој е воедно и вработен во Заводот за физикална медицина и рехабилитација.
Оваа активност е само почеток на соработката со оваа институција. Веќе е најавено и спроведување на активности во склоп на кампањата за *Денот на гладта* со вработените во Заводот за физикална медицина и рехабилитација.