Подари топлина
Новогодишните и божиќните празници секогаш не потсетуваат на хуманата мисија и желбата да се помогне некому и да се предизвика нечија насмевка. Нема ништо поскапоцено од тоа да се усреќат најмалите кои се едни од тие што најмногу се радуваат на овие празници. Со таа цел Општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со здружение ,,Преродба’’, по повод предновогодишните празници организираше хуманитарна акција со наслов ,,Подари топлина’’ за донирање на капи, шалчиња и играчки. Донацијата беше реализирана во основното училиште ,,Рампо Левката’’.
Оваа акција беше поздравена од директорката на основното училиште која изрази благодарност и на двете организации кои учествуваа во оваа донација. Настанот беше и медиумски покриен од страна на локалната телевизија.Со оваа активност Црвен крст Прилеп успешно ја заокружува оваа година која изобилуваше со најразлични активности наменети за вулнерабилните групи во Прилеп. Новата година носи и нови предизвици а ние сме подготвени за нив затоа што проблемите и потребите на населението постојано се менуваат.