април 18, 2022

Поддршка на GOALBALL натпревар

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучи како поддршка на натпреварите во Goalball кои се одржаа во СРЦ Кале на ден 17.04.2022 (недела) во периодот од 10 до 14 часот.
Инаку Голболот е тимски спорт дизајниран специјално за спортисти со оштетен вид. Учесниците се натпреваруваат во тимови по тројца играчи и се обидуваат да фрлат топка, во која има вградени ѕвона, во голот на противникот. Натпреварот се одвива така што топката се фрла исклучиво со рака.
 
< врати се назад