април 11, 2023

Поддршка на Инклузивен фудбалски турнир

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар традиционално се вклучува во поддршка на натпревари организирани од страна на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје.
На ден 11.04.2023 четири волонтери од Клубот на млади се вклучија како тим за медицинска поддршка и шест волонтери како логистичка поддршка на традиционалниот Инклузивен фудбалски турнир – Скопје 2023.
Натпреварите се одржаа на фудбалскиот комлекс на ФФМ во организација на УСК ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и под покровителство на Фудбалскат Федерација на Македонија, а учество земаа 5 училишта од Скопје и Штип со вкупно 8 екипи.
За време на натпреварот, успешно беа санирани 3 повреди.
Продолжуваме со соработката.
 
< врати се назад