
Поддршка на кампањата од страна на Градоначалникот на Општина Центар
Општинската Организација Центар во склоп на кампањата за прва помош на Црвен крст на Република Северна Македонија под мотото: “Твоето незнаење чини живот”, на 11.09.2019 во просториите на Општина Центар одржа уште една освежителна обука за прва помош за возачи. Вработените во Општина Центар имаа можност да ги освежат своите познавања од областа на првата помош и да се обидат практично да го применат своето знаење. Во текот на обуката слушателите покажаа огромен интерес, неколкумина од нив се обидоа и сами да го направат она што претходно беше демонстрирано. Се дискутираше за мислења и искуства поврзани со темата.
Слушател на обуката беше и Градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ кој во своето обраќање ја посочи важноста на овие освежителни обуки и даде апел до сите возачи да се пријават на обуките со цел да добијат знаења и искуства кои можеби некогаш ќе спасат нечиј живот.