
октомври 7, 2022
Поддршка од софтверската компанијата Лајфвоч МК (Philips)
Како општествено одговорна компанија, Лајфвоч МК (Philips), која е глобален лидер во здравствената технологија и се стреми да го направи светот поздрав и поодржлив преку иновации, даде поддршка на работата на Црвениот крст преку хуманитарна собирна акција за донирање облека.
Во периодот од 26ти септември до 5ти октомври, се реализираше акцијата во просториите на компанијата, со цел помош на социјално загрозени семејства.
Голема благодарност од Лајфвоч МК за поддршката.
Продолжуваме со заеднички сили во реализација на понатамошни активности за подобрување на секојдневието на оние на кои им е најтешко.
