
август 20, 2022
Подготовка на 90 оброци во соработка со Ретвитни оброк
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија во активностите на Ретвитни оброк. На ден 19.08.2022 година (петок) во периодот од 11 до 15 часот, тие подготвија 90тина вкусни оброци за лицата на кои оваа помош им е навистина потребна. 

Продолжуваме со соработката.


