декември 3, 2014

Подигнување на свеста за „Дејството на психоактивните супстанци“

Во склоп на активностите на Клубот на Млади на ООЦК Центар за подигнување на свеста кај младите на територија на општина Центар на темата „Дејството на психоактивните супстанци“ се одржаа четири врснички едукации во ОУ „Гоце Делчев“ и тоа на ученици од осмо и девето одделение. Едукациите беа одржани на ден 20.11.14 и 02.12.14 со почеток во 11:00 часот. На истите беа присутни вкупно 64 слушатели.

< врати се назад