
јули 11, 2024
Подводна авантура
На ден 11.07.2024 во просториите на Дневениот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” се оддржа креативна работилница – Подводна авантура. Волонтерите од Клубот на Млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар заедно со корисниците на “Пролет” имаа можност да се запознаат со разновидни подводни животни, и истовремено имаа можност да ги моделираат со пластелин.
Младите волонтери на Општинска организација Центар посветуваат големо внимание при организирањето на дневните активности со корисниците на Дневниот Центар “Пролет“. Преку најразлични креативни идеи максимално се трудат да им го разубават дневниот престој на корисниците. Активностите продолжуваат и понатаму.



