„Помислете и на нас“
Со посветеност за остварување на целите: покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата, изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица, градење на позитивен имиџ на Организацијата на Црвениот крст како организација која посветува внимание во решавањето на проблемите на ранливото население, општинската организација на Црвен крст Прилеп под мотото „Помислете и на нас“ и оваа година ја одбележа „Неделата на гладта“.
Како одговор на огромниот теренски ангажман на целокупниот човечки потенцијал е резултатот од испратени 700 писма до корпоративниот сектор и воспоставени лични контакти, продадени сите требувани 800 бонови, продадени сите доставени 40 шољи по наведената цена и огромни количини на поддршка од граѓаните во форма на облека, обувки и покуќнина. Од задоволството при реализација на финалниот дел на дистрибуција на артиклите до крајните корисници за кои и е наменета акцијата ни останува само уште еднаш да им изразиме БЛАГОДАРНОСТ на сите оние без кои не можевме да ја реализираме акцијата.