
мај 6, 2022
Помош за 40 семејства од Ромската заедница во склоп на Неделата на солидарност
Во склоп на Неделата на солидарност, која традиционално се одбележува третата недела од април, а по повод празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар обезбеди помош со храна за 40 социјално-загрозени семејства од Ромската заедница. Помошта беше дистрибуирана до семејствата на ден 29.04.2022 година.