ноември 10, 2011

Помош за социјално загрозени семејства

По спроведувањето на бројните активности по повод „Денот на гладта“ односно испраќањето на писма до коорпоративниот сектор, организирање на собирни акции, штандови во центарот на градот и супермаркетот Тинекс, О.О. Црвен крст Прилеп благодарение на хуманоста на граѓаните успеа да собере финансиски средства од кои изготви пакети со прахрамбени производи кои ги намени за социјално загрозени семејства од општината а кои претходно имаа доставено барање за помош до О.О. Црвен крст Прилеп.

На сите оние фирми, граѓани и институции кои ја поддржаа ова акција на Црвениот крст и овозможија успешно да се реализира О.О. Црвен крст Прилеп им се заблагодарува во свое име и во името на оние на кои им помогнаа.

< врати се назад