
јуни 17, 2024
Порака за силна свест за најдрагоцениот подарок-крвта
На ден 13.06.2024 година Црвен крст на РСМ -Општинска организација Центар за прв пат организираше крводарителска акција во ТТК Банка. Акцијата се одвиваше под мотото “Дарувај крв , спаси живот” ,пренесуваајќи ја пораката за силна свест за најдрагоцениот подарок – крвта
На акцијата беа пријавени вкупно 56 потенцијални дарители, а 43 дарители даруваа крв.
Оваа крводарителска акција која помина во пријатна и позитивна атмосфера може да се издвои од досегашните акции по тоа што 30 лица за прв пат даруваа крв и со тоа ја покажаа својата хуманостна дело.


