
октомври 9, 2025
Посета на Територијалната противпожарна единица
Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар, за корисниците од Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години “Пролет” остварија едукативна посета на Територијалната противпожарна единица.
За време на посетата, пожарникарите им ја претставија својата опрема, возилата и начините на делување при пожари и итни ситуации.
Присутните имаа можност да поставуваат прашања и да се запознаат со важноста на професијата пожарникар. Настанот помина во пријатна и едукативна атмосфера, со цел поттикнување на свеста за безбедност и меѓусебна соработка во заедницата.













































