мај 19, 2015

Посета од страна на дечињата од градинката РЈ Корчагин

Во посета на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар беа децата од градинката Раде Јовчевски Корчагин.

 

Со нивната ведрина и смеа ги расположија пред се стручната служба и корисниците а воедно и го донесоа плодот од нивната хуманитарна акција во градинката, каде што дечињата донирале облека за да им помогнат на нивните другарчиња кои немаат, на кои им е потребна. Исто така дечињата ги посетија Центарот за крводарување во Даре Џамбаз и Центарот за стари лица каде што научија нешто повеќе што е тоа хуманост и ние сите можеме да им помогнеме на луѓето околу нас.

 

Се надеваме дека нивната ведрина и смеа ќе ги краси просториите на Општинската организација Центар повторно и почесто.

 

< врати се назад