Постојана едукација на младата популација
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп континуирано одржува едукации на најразлични теми за различни целни групи во согласност со нивните потреби и проблеми. Една од областите каде што Клубот на млади го поставува својот фокус е сексуалното и репродуктивно здравје на младата популација.
На 31.10.2013 година Клубот на млади одржа едукација за Сексуално и репродуктивно здравје на новите волонтери во Клубот на млади. На оваа едукација беа присутни 20 волонтери кои се здобија со нови знаења повразни со оваа тема. Едукацијата ја одржаа волонтери-ПЕЕР едукатори кои се обучени на оваа тема при што беа опфатени теми како што се: сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА, контрацепција итн. Едукацијата помина со активна интеракција на волонтерите затоа што голем дел од информациите кои беа дадени во текот на едукацијата беа нови за голем дел од волонтерите. Исто така во континуитет се одржуваат едукации од ваков тип низ средните и основните училишта во градот, со цел да се скршат табу темите кои се пренесуваат низ генерациите на млади и истите да добијат повеќе информации во врска со нивното здравје.