
февруари 14, 2022
Потсетник дека и љубовта кон себе треба да се негува
Денешниот сончев ден беше одлична шанса да ги потсетиме центарци да се сакаат и почитуваат.
По повод празникот на вљубените 14ти февруари – Св. Валентин, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар измамија насмевки во центарот на градот.
Волонтерите подготвија пораки на македонски, албански и англиски јазик кои ги поделија на минувачите на Плоштад Македонија.
Наместо оние веќе познати љубовни пораки, овојпат пораките упатуваа љубов кон себе, бидејќи, како што веќе знаеме, треба да се сакаме себеси, за да можеме да ја шириме љубовта и кон другите. Чоколадните срценца кои ги поделија заедно со пораките, беа пријатно слатко изненадување за сите. 






