август 28, 2014

ПОТВРДА НА ХУМАНОСТА

Дванаесеттата по ред традиционална крводарителска акција, која Општинската организација на Црвен крст Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на РМ ја организираше на 28.08.2014 година, во Домот на АРМ по повод празникот *Голема Богородица*, беше голем предизвик за скопјани повторно да ја покажат својата хуманост. Собрани се 284 крвни единици, кои сигурно дека ќе значат многу во задоволување на потребите од крв во летниот период.
Членовите на Клубот на млади на Црвениот крст Центар, уште еднаш покажаа дека се беспрекорни во реализацијата на програмските активности на организацијата. Организацијата на акцијата им беше целосно доверена, а резултатите го покажаа нивниот максимален ангажман. Голем дел од нив на акцијата беа и дел од големото семејство на крводарители.

 

< врати се назад