декември 28, 2022

Предновогодишна дружба во ДСУ „Св. Наум Охридски“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар традиционално подготви 150 пакетчиња за учениците кои учат во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Пакетчињата беа поделени на учениците на 28.12.2022 година во една пријатна и весела атмосфера, проследена со многу насмевки и забавна музика.
Пакетчињата оваа година беа обезбедени од страна на Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет при УКИМ, кои реализираа четиридневна собирна акција (19.12 – 22.12.2022) во просториите на факултетот. Огромна благодарност до сите кои донираа на акцијата и на ФСС за соработката која уште повеќе ќе се продлабочува во иднина.
 
   
< врати се назад