
декември 28, 2022
Предновогодишна забава во Дневниот центар „Пролет“
На радоста ѝ нема крај! Одлично се забавувавме со корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“, кои не ги криеја своите насмевки за време на делењето новогодишни пакетчиња на 27.12.2022 година. Секако, среќата беше уште поголема во неколкучасовната дружба што токму Дедо Мраз и Спајдрмен беа оние кои им донесоа радост на корисниците. Голема благодарност до Општина Центар за поддршката.
Новата Година нека донесе многу здравје, среќа и радост кај сите!