
Предновогодишно дружење со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Во пресрет на Новата година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, направи активност во која волонтерите имаа можност да се дружат со учениците од училиштето.
На 26.12.2019 во просториите на училиштето се реализираше работилница за изработка на новогодишни честитки. За реализација на работилницата помогнаа волонтерите од Општинска организација Центар и професорите од училиштето. На крајот на работилницата, сите ученици добија новогодишни пакетчиња.
Работилницата резултираше со голем успех, а волонтерите и учениците имаа доволно време да се запознаат, дружат и заедно да изработат честитки. Со нетрпение ги чекаме заедничките активности во новата година!