декември 26, 2014
Прекрасна предновогодишна дружба со Мобилност-Скопје Мобилност
На ден 25.12.14 во Театарот за деца и младинци, Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар заедно со градоначалникот на општина Центар успеаа заедно да им ги разубават новогодишните празници на штитениците од Здружението на лица со инвалидитет „Мобилност- Скопје Мобилност“ . И овој пат, Театарот за деца и младинци го дадоа својот придонес со бесплатна претстава за штитениците, а и отстапување на просторот во театарот. На крајот од активноста , Дедо Мраз заедно со присутните волонтери ги поделија новогодишните пакетчиња на штитениците и ја продолжија убавата атмосфера.