декември 12, 2019

Преку игра и смеа се учи најлесно

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 11.12.19 (среда) спроведе две врснички едукации на тема “Забоздравствена заштита” во ООУ “Гоце Делчев” – Скопје. Едукациите беа наменети за најмалите – учениците од прво и второ одделение. Иако најмали, желни за знаење. Преку игра и смеа, вкупно 67 ученици ја проследија едукацијата и научија како правилно да ги четкаат своите запчиња. Едукацијата имаше огромен успех, а најмалите добија и мали подарочиња на крајот од едукацијата.

< врати се назад