Препораки за раководителите на пензионерски домови, центрите за долготрајна институционална грижа и здравствените установи
1. Да се почитуваат препораките за однесување при топло време дадени во едукативните материјали за општата популација. Установите (објектите) да се одржуваат студени, а лицата во истите да бидат заштитени од топлина, да останат во ладно и да внесуваат доволна количина на течности.
2. Следете ја внатрешната температура на Вашиот објект. Обезбедете барем една студена соба(на пр. соба со клима уред и температура пониска од 25 степени целзиусови). Овозможете пациентите (станарите) да поминуваат во студените делови(обласи, простории) по неколку часа дневно.
3. Прашајте го општиот лекар да направи ревизија на клиничкото водење особено на оние лица кои се ризични, како на пример оние со хронични заболувања.
4. Следете го внесувањето на течности, нудете(служете) безалкохолни и незасладени пијалоци.
5. Следете ја телесната температура, пулсот, крвниот притисок и хидратацијата.
6. Внимателно внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете соодветен третман.
7. Информирајте го и обучете го персоналот. По потреба зголемете го нивниот број.