
март 8, 2022
Препознавање на хуманата мисија на Црвениот крст
Препознавањето на значењето на хуманата мисија на Црвениот крст од страна на локалните власти, е една од придобивките и се разбира предизвик за секоја Општинска организација на Црвен крст. Долгогодишната успешна соработка со Општина Центар резултираше со потпишување на Меморандум за соработка, согласно кој двете страни се согласија за продолжување и продлабочување на соработката, сѐ со цел да се помогне во ублажувањето на проблемите на ранливите целни групи на територија на Општина Центар.
Благодарение на рабирањето на кое наидовме од страна на Гарадоначалникот на Општина Центар, г-дин Горан Герасимовски и неговите соработници, на средбата повторно беа потврдени тековните проекти кои заеднички ги реализираме, но и започнување на нови кои во наредниот период ќе го продолжат позитивниот начин на успешна партнерска соработка.
На наше големо задоволство Градоначалникот Герасимовски, симболично на 7 Април, Светскиот ден на здравјето стана член на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар и се обврза да помогне со својот позитивен пример во зголемувањето на бројот на членови во организацијата на Црвен крст, помеѓу вработените во Општина Центар.

