октомври 29, 2012

Превенција и лекување од ХЦВ кај ЛКД

Стекнување со сознанија, детекција и мотивација за третман на крвно преносливи инфекции (со посебен акцент на ХИВ/СИДА и ХЦВ) е еден од главните приоритети кои ги апсолвира О.О. Црвен крст Прилеп кај ранливата популација како што се интравенски корисници на дрога.

Со цел реализација на горепоставениот приоритет О.О Црвен крст Прилеп организираше мултиинституционална работилница во своите простории со лица кои користат дрога, а се во директен контакт со ХЦВ вирусот. Како главен локален институционален агенс за борба против зависности О.О Црвен крст Прилеп во соработка со инфективно одделение при Општа болница Борка Талески Прилеп, ROCHE и Дневниот центар за супституциона терапија од Битола успешно ја реализираа работилницата елаборирајќи го следниве теми: ХИВ сознанија и превенција и Профил на лица корисници на Центарот за намалување на штети од употреба на дроги Прилеп- нивна мотивација за третман за ХЦВ инфекција.
Успешноста на работилницата се потврди преку интерактивното учество на учесниците во дискусијата се со цел подобрен институционален пристап на оваа целна група и подобрена мотивација за лекување.

< врати се назад