Превенција од пандемска инфлуенца тип H1N1 (свински грип)
Земајќи ги во предвид прогресивните податоци на заболени и актуелноста на темата Пандемска инфлуенца тип H1N1, Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп реализираше врсничка едукација на оваа тема. Едукацијата се одржа на 28.01.2013 година во просториите на ООЦК Прилеп. Заинтересираноста беше фокусирана со масовното присуство на младите волонтери. Покрај волонтерите при ОО на ЦК Прилеп на оваа едукација беа присутни и други млади од Средните општински училишта кои непосредно биле информирани за оваа едукација. Почетнава едукација беше и еден индикатор за да се види заинтересираноста на популацијата за оваа тема.
На едукацијата присуствуваа 32 учесници од младата популација, што претставува добар индикатор за голема заинтересираност, така што според потребите овие едукации ќе бидат одржувани во континуитет. Општинската организација на Црвен крст Прилеп продолжува со реализација на едукации на најразлични теми кои соодветствуваат на потребите на популацијата на територија на општина Прилеп со цел намалување на ранливоста на населението и разни целни групи.