
ноември 10, 2021
Превенцијата како најважен дел од заштитата од Ковид-19 вирусот
Врсничките едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 10.11.2021 во периодот од 8:30 до 9:30 часот, реализираа уште една едукација, со која се заокружи циклусот на едукации во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“.
Теоретските знаења кои ги добија за време на едукацијата на тема „Заштита од КОВИД-19“, како што се правилна употреба на заштитна маска и заштитни ракавици, имаа можност да ги преточат во практичен приказ.
Освен начинот на ставање на заштитните материјали, големо внимание се посвети и на нивно отстранување, кое е исто така многу знајачно во процесот на заштита од коронавирусот.
Секако, на крајот на едукацијата, имаа прилика преку таблет компјутерите да погледнат видеа и слики за потврдување на наученото.
Продолжуваме со активностите во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“ до крајот на годината.







