јули 15, 2011

Превентивна акција „Како против топлотниот бран“

Волонтерите на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп ја релизираа превентивната акција под мотото: „Како против топлотниот бран?“. Волонтерите дистрибуираа флаери помеѓу населението и посетителите на „Пиво фест“ со практични совети за заштита од високите температури и топлотниот бран, исто така се дистрибуираше и флаширана вода  помеѓу популацијата која беше лоцирана во централното градско подрачје, а имаше неопходна потреба  да конзумира течности. Оваа акција беше позитивно поздравена од страна на граѓаните при непосредниот контакт со истите, посебно задоволство искажаа за флаерите кои им беа поделени на рака, укажувајќи дека тоа ќе биде нивен секојдневен прирачник во текот на жешките денови.
Ваквите превентивни акции се покажаа доста ефикасни и ефективни посебно ако се има во предвид фактот (при непосредниот контакт со населението) дека голем број од населението нема сознанија што точно треба да прави и како да се заштити од топлотниот бран. Имајќи ја во предвид едукативната и превентивната компонента на Клубот на  млади на Црвен крст Прилеп, младите волонтери продолжуваат со реализација на  ваквите и слични превентивно-едукативни активности за општата популација и во наредните денови (за кои  денови е најавен топлотен бран и зголемено присуство на посетители на манифестацијата „Пиво фест“) затоа што постои реална потреба за спроведување на овие акции.
Активностите беа медиумски покриени и поддржани од локалните електронски медиуми, предизвикувајќи посредна популаризација на Клубот на млади кај населението и информирање на  граѓаните за работата на Црвениот крст посебно во услови на непогоди.

Волонтерите на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп ја релизираа превентивната акција под мотото: „Како против топлотниот бран?“. Волонтерите дистрибуираа флаери помеѓу населението и посетителите на „Пиво фест“ со практични совети за заштита од високите температури и топлотниот бран, исто така се дистрибуираше и флаширана вода  помеѓу популацијата која беше лоцирана во централното градско подрачје, а имаше неопходна потреба  да конзумира течности.

Оваа акција беше позитивно поздравена од страна на граѓаните при непосредниот контакт со истите, посебно задоволство искажаа за флаерите кои им беа поделени на рака, укажувајќи дека тоа ќе биде нивен секојдневен прирачник во текот на жешките денови. Ваквите превентивни акции се покажаа доста ефикасни и ефективни посебно ако се има во предвид фактот (при непосредниот контакт со населението) дека голем број од населението нема сознанија што точно треба да прави и како да се заштити од топлотниот бран. Имајќи ја во предвид едукативната и превентивната компонента на Клубот на  млади на Црвен крст Прилеп, младите волонтери продолжуваат со реализација на  ваквите и слични превентивно-едукативни активности за општата популација и во наредните денови (за кои  денови е најавен топлотен бран и зголемено присуство на посетители на манифестацијата „Пиво фест“) затоа што постои реална потреба за спроведување на овие акции.Активностите беа медиумски покриени и поддржани од локалните електронски медиуми, предизвикувајќи посредна популаризација на Клубот на млади кај населението и информирање на  граѓаните за работата на Црвениот крст посебно во услови на непогоди.

< врати се назад