
октомври 15, 2024
Превентивни скрининзи за дијабет и висок притисок
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16 октомври 2024 година традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес – Едуцирај се и превенирај дијабетес“.
Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.
По тој повод Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 15.10.2024 (вторник) во просториите на Комерцијална банка АД Скопје, спроведе активност за мерење на гликоза во крвта и крвен притисок, наменет за вработените на банката при што опфатени беа 64 лица.

