
декември 23, 2022
Признанија за истакнати волонтери од Клубот на млади
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар организираше предновогодишна забава за волонтерите од Клубот на млади во просториите на Млади Хаб, на 22.12.2022 година со почеток во 19 часот. На забавата, волонтерите добија благодарници за нивниот придонес и симболични подароци за нивниот труд, посветеност и за вложените волонтерски часови во активностите на Црвениот крст, а традиционално беше организирана и лотарија.
Вам Ви ја пренесуваме пријатната празнична атмосфера преку слики, а на волонтерите им благодариме за сите моменти посветени на организацијата на Црвениот крст!









