
декември 14, 2021
🎉 Признанија за истакнати волонтери за 2021 година по повод 5-ти Декември – Светскиот ден на волонтерството
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе активност од забавен карактер за волонтерите од Клубот на млади кои покажаа одличен успех во реализација на активностите во текот на 2021 година преку својата посветеност, креативност и иновативност.
Во кугланата во Capitol Mall, волонтерите, групирани во тимови, се натпреваруваа, што за нив претставуваше интересна, но и важна активност за развивање на тимската работа и понатамошно функционирање на Клубот на млади.
Ви благодариме драги волонтери за секој час посветен на организацијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија!









