декември 13, 2019

Продолжува соработката со женскиот центар „Астарта“

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со женскиот центар „Астарта“, продолжува со обуките за прва помош за бремени жени и млади родители. Овојпат обуките се одржаа на 11.12.2019 и на 12.12.2019. На двете обуки учествуваа вкупно 24 млади родители. Целта на ваквиот вид обука е родителите да научат како да им укажуваат прва помош на своите бебиња и мали деца.

Предавач на обуката беше д-р Биљана Јосифоска. Нејзиното широко познавање на првата помош секогаш ги мотивира учесниците да научат и дознаат што е можно повеќе, па како резултат на тоа, овие обуки се секогаш интерактивни. Овој вид обука има голем успех и навистина има огромен интерес од страна на родителите. Соработката со Женскиот центар „Астарта“ ќе продолжи и понатаму.

< врати се назад