декември 17, 2019

Продолжуваат информативните обуки за прва помош за средношколци

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Центар успешно реализираше уште четири информативни обуки за прва помош коишто се дел од втората фаза од кампањата за прва помош на Црвен крст на Република Северна Македонија под мотото: “Твоето незнаење чини живот”.

На ден 16.12.2019 се одржаа четири информативни обуки за прва помош во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ на кои учествуваа 117 ученици. Учесниците во обуката кои се ученици од трета година на возраст од 16 и 17 години, имаа можност да се информираат за значењето и важноста на првата помош. Општинска организација Центар ќе продолжи со ваквите информативни обуки за прва помош и во други училишта на територија на општина Центар.

 

< врати се назад