
Продолжуваат обуките за освежување на знаењата за прва помош за возачи
Во склоп на кампањата за прва помош на Црвен крст на Република Северна Македонија со мото: “ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ“, на 28.08.2019 Општинската Организација Центар одржа две освежителни обуки за прва помош за возачи кои беа планирани за месец август. Предавач на обуката беше д-р Аленка Шопова. Слушателите имаа можност да ги повторат своите знаења поврзани со Првата помош и да се обидат практично да го применат своето знаење. Во текот на обуката се покажа голем интерес, се дискутираше за искуства, мислења и ставови поврзани со темата.
Во првата обука учествуваше tattoo артистката Ирина Цоневска којашто споделуваше и свои искуства за време на обуката и се обиде да го демонстрира она што го знае за првата помош.
Во втората обука учествуваше Драган Антоновски – директор на Македонската Информативна Агенција (МИА) кој во своето обраќање го искажа своето задоволство од поминатата обука и го поздрави Црвениот крст за професионалноста и важноста на ваквите обуки. Оваа група беше составена од членови на Здружението за телесно инвалидизирани лица на град Скопје “Мобилност“ кои се со полесен инвалидитет и се активни возачи.