април 20, 2023

Продолжуваме со активностите во соработка со Здружение на пензионери на општина Центар

Во просториите на Клубовите на Здружението на пензионери на општина Центар, волонтерите од Општинска организација Центар, кои се медицински лица, на ден 19.04.2023 повторно се дружеа со дел од членовите преку активности за мерење шеќер во крвта и крвен притисок. На активноста беа присутни членови од 2 пензионерски клуба.
Овие активности продолжуваат и во наредниот период и ќе бидат опфатени сите 8 пензионерски клубови.
 
< врати се назад