Проекција на филм
На ден 25.05.2012 година (Петок) Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп организираше проекција на филмот ,,Мајки’’ од нашиот еминентен режисер Милчо Манчевски. Проекцијата на филмот беше организирана под мотото ,,Одиме на кино’’ а паричните средства кои се собраа од проекцијата ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Весна Боцевска која боледува од карцином на белите дробови. Оваа активност на Клубот на млади е во склоп на големата хуманитарна акција ,,И ние сме дел и одиме кон иста цел, ќе ни се придружиш и ти ?‘’. Клубот на млади продолжува со активностите кои следуваат а се реализираат со цел помош на ранливите целни групи во градот. Ентузијазмот и желбата за вклучување во понатамошните активности се зголемува се повеќе и повеќе кај волонтерите со секоја измината реализирана активност и тоа е доказ дека се постигнува се поголемо подигнување на свеста за потребата од хуманитарно дејстување во општествени рамки.