јуни 10, 2021

Проект „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“

 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар го започна проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“, одобрен од Фондот за развој и проекти на Црвен крст на Република Северна Македонија. Целта на овој проект е намалување на ризикот и спречување на проширување на заразата од КОВИД-19 кај специфични ранливи групи, како што се лицата со попреченост.
 
 
Активностите кои се дел од овој проект се реализираат за првпат во рамките на Црвениот крст на РСМ и ќе бидат реализирани во соработката со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје – училиште во кое учат деца и младинци со попреченост.
 
Во периодот од 7-ми до 9-ти јуни 2021 година, беше реализиран тренинг за врснички едукатори на темите „Промоција на хигиена“ и „Заштита од КОВИД-19“ на кој учество земаа 6 врснички едукатори, кои понатаму ќе ги реализираат едукациите со целната група.
 
 
Предавачи на тренингот беа Александар Стојаноски – Меѓународен тренер за промоција на хигиена и Марија Узуновска – Дефектолог. За време на тренингот, едукаторите се запознаа со улогата на Црвениот крст во одговорот во случај на катастрофи, ги продлабочија своите знаења на темите „Промоција на хигиена“ и „Заштита од Ковид-19“ и добија дополнителни насоки од страна на дефектологот за спроведување едукации на овие теми со деца и младинци кои се лица со попреченост.
 
 
Тридневниот тренинг, кој беше успешно реализиран, претставува појдовна точка за активностите кои следат до крајот на годината. Им посакуваме успешни активности на едукаторите!
 
 
< врати се назад