мај 11, 2022

Проект „Хигиена во време на пандемија“ во соработка со Општина Центар

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар започна проект на тема „Хигиена во време на пандемија“ преку кој ќе се опфатат сите училишта и градинки на територија на општина Центар.
Со проектот, ќе бидат опфатени 524 деца од градинките и 594 ученици од прво одделение од училиштата. Во рамки на проектот ќе се реализираат едукации на тема „Хигиена во време на пандемија“.
Во градинката ЈУДГ „13-ти Ноември“ – објект „Јасмин“ на ден 11.05.2022 година беа реализирани 2 едукации со дечињата од голема група преку кои се опфатија 52 учесници. Во рамки на едукацијата, акцент се стави на личната хигиена, но и на одржување на хигиена во домот и градинката, како и хигиена на храната. Дополнително, се зборуваше што претставува корона вирусот и на кој начин да се заштитат по отстранување на маските и укинување на мерките за заштита.
Продолжуваме со активности во текот на целиот месец.
 
< врати се назад