
јуни 13, 2022
Проект „Промоција на хигиена во време на пандемија“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар продолжува со едукација на најмалите – дечињата од градинките на територија на општина Центар.
Во сите објекти од градинката ЈУДГ „Кочо Рацин“ – Матичен објект, Бели Мугри, Панорама и Наум Наумовски Борче, во периодот од 25.05 до 13.06.2022 година беа реализирани 6 едукации, преку кои се опфатија 142 дечиња од голема група.
Едукатори беа волонтерите од Клубот на млади Анастасија Србиновска Божинова и Ангела Алексова.
Едукациите имаат за цел да ги потсетат дечињата за важноста на личната хигиена, на одржување на хигиена во домот и градинката и хигиена на храната. Дополнително се зборуваше и за заштита од корона вирусот.
До крајот на месец јуни продолжуваме во сите објекти на градинката ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“, што би значело реализација на едукациите во сите градинки на територија на општина Центар.


