
октомври 13, 2023
Проект „Зелена инклузивност“
Општествената посветеност кон реализирање на Целите за одржлив развој, како и потребата од транзиција кон зелена економија им наложува на лицата кои бараат работа, да се насочат кон совладување на зелени вештини, кои се комплементарни на меките и специјализираните вештини, кога станува збор за вработување.
Едни од најзасегнатите по ова прашање се ранливите групи, како што се лицата со попреченост кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба, а по завршување на образованието се наоѓаат во статус кво состојба, бидејќи се лимитирани во однос на можностите за нивен ангажман.
Тоа не само што ги засега нив директно, туку ги засега и барем еден член од нивното семејство, кој треба да е присутен во текот на целиот ден, без притоа да има можност да работи.
Ваквата ситуација ги прави семејствата да бидат социјално ранливи и да немаат доволно приходи, што само ја отежнува состојбата.
Вештините кои ќе ги добијат преку обуките директно би влијаеле на вработливоста на специфични ранливи групи, како што се лицата со попреченост, поконкретно во рамки на овој проект – учениците од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Дополнително, ќе се работи на подигнување на свеста на родителите на учениците за потребата од вакви вештини, како и наставничкиот и техничкиот кадар, кој ќе биде обучен и за понатамошна работа на оваа тема, за потребите на училиштето и целната група во иднина.
Главна цел на проектот е Зголемување на вработливоста на лицата со посебни образовни потреби.
Специфични цели на проектот се:
1. Надградба на капацитетите на ранливото население и образовниот персонал на тема вработливост.
2. Совладување техники за работа во тим и следење на динамиката на тимот со цел поголема постигнување поголема ефикасност и ефективност.
3. Стекнување знаења за комуникациските вештини во работењето и подобрување на личната комуникација и меѓучовечките односи во и надвор од организација.
4. Подигнување на нивото на свесност за потребата од енергертска ефикасност и заштита на човековата околина на работно место и да се усвојат конретни зелени вештини, релевантни за нивната стручност (квалификација).
5. Развој на Општинска организација Центар преку дисеминирање на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина
