октомври 17, 2023

Проект “Зелена инклузивност”

Непосредно пред отпочнување на работилниците кои се дел од проектот “Зелена инклузивност” на Општинска организација Центар, поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвен крст на Република Северна Македонија, беа дистрибуирани постери во училиштето чиишто ученици се целна група на проектот – ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Целта на проектот е, преку обуки на учениците, да се зголеми вработливоста на лицата со попреченост, при што би се намалил и ризикот нивните семејства да влезат во групата на социјално загрозени семејства.
 
< врати се назад